Времето денеска: сончево со умерена облачност

Ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, попладне долж Повардарието ќе се засилува. Утринската температура ќе биде од минус четири до два, а дневната од 11 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус еден а дневната ќе достигне до 16 степени.