Рускиот министер за одбрана Шојгу во Србија

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу денеска ќе престојува во официјална посета на Србија, а тогаш би можело да пристигне и првиот дел од испораката на системот за противвоздушна одбрана „Панцир“, јавуваат белградските медиуми. Според наводите, Србија во минатата година нарачала една батерија од системот „Панцир С1“, а руските медиуми тогаш јавиле дека рокот за првиот дел од испораката е втората половина на февруари. Се наведува и тоа дека во текот на посетата на Шојгу ќе му биде врачен почесен докторат на Универзитетот за одбрана поради придонесот во развојот на соработката меѓу двете земји.