Помпео - Европа треба да го избегне прекумерното снабдување со руска енергија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео зборува на конференцијата за безбедност во Минхен.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон треба да понуди финансирање од милијарда долари за Централна и Источна Европа, за да му помогне на регионот да го избенге потпирањето врз руската енергија.

Помпео ги даде коментарите за време на говорот на 15 февруари, на вториот ден на конференцијата за безбедност во Минхен.

Помпео рече дека новото финансирање на САД треба да оди кон Иницијативата за трите мориња – групација од 12 членки на Европската унија лоцирани меѓу Јадранското, Балтичкото и Црното Море. Освен Австрија, сите се членки на НАТО.

Иницијативата беше формирана за да се спротивстави на како што сметаат некои западни официјални претставнци, опасност од прекумерна поврзаност со снабдувањето со енергија од Русија.

Русија е најголемиот снабдувач на природен гас и главен снабдувач на нафта во Европа.