Кандидат за градоначалник на Париз се откажа од трката поради секс скандал

Архивска фотографија- Кандидатот за градоначалник на Париз Бенџамин Гриво

Кандидат за градоначалник на Париз се откажа од трката поради објавени секс фотографии и разговор кои што наводно на интернет ги закачил руски уметник.

„Интернет страница и социјалните медиуми објавија срамни напади врз мојот приватен живот“, рече денеска Бенџамин Гриво додавајќи дека објавата за наводното сексуално видео деновиве отишла предалеку.

Гриво, кој е член на центристичката партија на францускиот претседател Емануел Макрон си даде оставка од владината позиција лани за да влезе во трката за градоначалник на изборите кои треба да се одржат во март. Според испитувањата на јавното мислење тој беше на трето место, по актуелната градоначалничка социјалистката Ане Хидалго и по конзервативката Рашида Дати.

Весникот Либерасион јавува дека уметникот Пјотр Павленски го поставил материјалот онлајн за да ја покажел „хипокризијата“ на кандидатот. На интернет страницата се поставени исечоци од онлајн разговорот кој Павленски вели дека е меѓу Гриво и жена која не е неговата сопруга. Во разговорот има и видео на кое се прикажани машки гениталии.