Најмалку шест загинати во самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Кабул- оштетено возило на авганистанските безбедносни сили во сабоубиствениот бомбашки напад, 11.02.2020

Во самоубиствен бомбашки напад во близина на воената академија во Кабул загинаа најмалку шест лица. Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Насрат Рахими рече дека во денешниот напад се повредени 12 луѓе од кои пет цивили. Засега ниту една група не ја презема одговорноста за нападот кој се случи на контролниот пункт во близината на влезот на владината воена академија во југозападниот дел на градот. Експлозијата се случила во седум часот утрината по локално време кога вработените и кадетите пристигнувале во објектот. Очевидци тврдат дека по големата експлозија следувало и пукање.