Брзиот одговор по земјотресот ја зголеми поддршката за ЕУ во Албанија

илустрација

Брзиот одговор на Европската унија по земјотресот во Албанија во кој загинаа над 50 луѓе ја зголеми популарноста на Унијата во таа земја. Во истражувањето се наведува дека сега 97 насто ја поддржуваат ЕУ, наместо 93 проценти колку што имаше во 2018 година. „Очигледно за тоа придонесе брзиот одговор на ЕУ за справување со последиците од земјотресот“, изјави Луиџи Сорека, амбасадорот на ЕУ во Тирана. Земјотресот со сила од 6,3 степени што се случи на 26 ноември лани остави без покрив над главата 17.000 луѓе и предизвика штети од над милијарда евра. Унијата веднаш обезбеди 13 милиони евра како помош за настраданите.