„Медена земја“ во историска борба за два Оскари вечерва

Екипата на „Медена земја“ по премиерата на филсмкиот фестивал Санденс

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес вечерва ќе бидат соопштени добитниците на најпознатата филмска награда Оскар за 2019 година во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм. На 92-то доделување на Оскар ќе присуствуваат петчлената авторска екипа, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и .

Ова е втор пат по 25 години македонски филмски производ да влезе во трка со светските најдобри филмови. Патем, ова е и прв пат во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.