Плоштадот пред руската амбасада во Прага, ќе се вика Немцов

Boris Nemtsov

Се очекува Прага да го преименуваплоштадот во близина на руската амбасада по убиениот руски опозициски политичар Борис Немцов.Чешките медиуми објавија дека градскиот совет треба за оваа мерка да гласа во текот на месецов, а плоштадот Под Кастани би можел да биде преименуван на 27 февруари кога се одбележува петгодишнината од убиството на Немцов. Најголемите партии во градскиот совет во Прага најавија дека ќе ја поддржат идејата.

Преименувањата на плоштадите предизвика критика од Москва. Немцов беше поранешен вицепремиер во времето кога претседател беше Борис Јелцин. Тој како поранешен функционер беше отворен критичар на актуелниот претседател Владимир Путин и се обидуваше да изгради одржливо опозициско движење. Немцов беше застрелан на мост во Кремљ.