Времето денеска: променливо облачно

Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус 11 до минус еден, а дневната од минус два до седум степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус шест, а дневната ќе достигне до три степени.