Турција очекува Русија да прекине со нападите во Сирија

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу

Турција соопшти дека очекува Русија веднаш да стави крај на нападите на сириските владини сили во северозападната покраина Идлиб. Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу за време на неговата посета на Азербејџан порача дека Турција треба да работи со Русија за решавање на проблемите во Идлиб, последното засолниште на бунтовниците во Сирија.

Русија, заедно со Иран, обезбеди клучна поддршка за владата на сирискиот претседател Башар ал Асад во граѓанска војна во која загинаа повеќе од 400.000 луѓе,а милиони се раселени. Москва и Анкара се согласија да работат на деескалација на борбите во Идлиб и создавање на демилитаризирана зона.