Почина американскиот актер Кирк Даглас

Кирк Даглас

Почина Кирк Даглас, кој глумеше во епскиот филм „Спартак“ и десетици други продукции. „Со огромна тага моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас нè остави денес на 103-годишна возраст“, наведе неговиот син Мајкл, исто така холивудска ѕвезда. Во 1996 година, Академијата за филмска уметност и наука му додели почесен Оскар. Тој исто така го доби Претседателскиот медал за слобода, како и наградата за животно дело од Американскиот филмски институт.