Пелоси го скина говорот на Трамп

Лидерот на Демократите во американскиот Конгрес Ненси Пелоси

Лидерот на Демократите во американскиот Конгрес Ненси Пелоси ја искина нејзината копија на обраќањето на претседателот Доналд Трамп за состојбата на нацијата, како јасен политички гест откако го ислуша говорот на Трамп. При пристигнувањето Трамп го прекрши воспоставениот ред и не се поздрави со Пелоси која како спикер на Претставничкиот дом покрена импичмент против него. Запрашана од новинарите за причината на нејзиниот гест Пелоси рече: „Бидејќи тоа беше љубезно да се направи, со оглед на алтернативите“.