Спасовски повика на компромис за законите, не очекува одложување на изборите

Архивска фотографија- премиерот Оливер Спасовски

Ќе разговараме и ќе работиме постојано за да го постигне потребниот консензус и да имаме парламентарно мнозинство што ќе ги донесе законските решенија, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со работните групи за законот за Јавно обвинителство.

Спасовски порача дека треба да се вложат максимални напори во дијалогот, да се постигне компромис во делот на носењето на законските решенија и со тоа да не ја загрозиме иднината и перспективата на државата. Важно е, потенцира, не само декларативно, туку и на дело да покажаме дека имаме минимум национален консензус во однос на членството во ЕУ и во НАТО. Она што го бара ВМРО-ДПМНЕ, наведе, е сите предистраги кои се почнати, да бидат стопирани со решение, рече премиерот.

Тој не очекува да дојде до одложување на изборите, можност која вчера отворена ја остави претседателот на СДСМ Зоран Заев ако не се донесат Законот за јавно обвинителство, протоколот за НАТО и Законот за одбраната до 12 февруари, кога собранието треба да се распушти за да се одржат предвремените парламентарни избори договорени за 12 април.