ЕПП за продолжување на суспензијата на унгарската Фидес

Доналд Туск

Европската народна партија денеска и утре во Брисел ќе разгледува дали да биде продолжена суспензијата на унгарската владејачка партија Фидес. Одлука дали да продолжи суспензијата се очекува на политичкото собрание на конзервативците кога нивниот претседател Доналд Туск и лидерите на партиите ќе се соберат во Брисел. Сепак, сè уште не е јасно дали ќе има и гласање во врска со ова. Во март лани Фидес беше суспендирана поради загриженоста за владеењето на правото во Унгарија и анти-бриселската реторика.