Сончево и потопло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до минус еден степен, а дневната температура до 13 степени.