Пратенички групи бараат дополнително време за амандмани за законот за ЈО

Собрание на Република Северна Македонија

Од Министерството за правда соопштија дека некои пратенички групи доставиле амандмани за Законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаат со дијалогот „Жан Моне“ во Собранието. Од министерството, како што навеле за МИА, нема да откријат кои пратенички групи доставиле амандмани заради доверба на процесот.

До денеска напладне политичките партии кои имаат забелешки на законот требаше да поднесат амадмани. Од ВМРО-ДПМНЕ по јавната расправа за законот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.