Кина со мерки за увоз на производи за спречување на коронавирусот

Лабораторија во Кина во која се тестира коронавирусот

Кинекото министерство за финансии соопши денеска дека ослободени од данок ќе бидат увезените производи поврзани со спречување на појава на коронавирус.

„Производите кои директно се користат за контрола на епидемијата ќе бидат ослободени од тарифите за увоз од 1 јануари до 31 март“, се наведува во соопштението на министерството.

Увозот на донации, вклучувајќи амбулантни возила и производи за дезинфекција, исто така, ќе биде ослободено од даноци.

Бројката на смртни случаи од вирусот во Кина изнесува 259 лица, а има 11.791 потврдени случаи. Најмалку 25 држави пријавиле случаи на инфекција со вирусот, главно, вклучувајќи лица кои се враќале од Кина или кои имале контакт со такви луѓе.