Рокот за амандмани за законот за ЈО до пладне

Министерката за правда Рената Дескоска

До денеска напладне политичките партии кои имаат забелешки на Предлог-законот за јавно обвинителство треба да поднесат амадмани. Министерката за правда Рената Дескоска по вчерашната средба на работните групи на политичките партии изјави дека дел од партиите доставиле амадмани, а дел најавиле дека тоа ќе го сторат денеска.

Според неа, од ВМРО-ДПМНЕ кои доставија забелешки кои кои беа изнесени на јавната расправа од страна на експертите е побарано од нив да подготват амандмани за предлог законот.

Средба за законот за ЈО- се чекаат амандмани од партиите

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

Средбата на работните групи беше одржана по дводневната јавна расправа на која претставници на политичките партии и експерти од оваа област имаа можност да ги изнесат своите забелешки.