Британското знаме симнато од европските институции

Илустрација

Европските институции почнаа со симнување на британското знаме. Досега британското знаме е отстрането од пред зградите на Европскиот парламент во Брисел и Стразбур како и од Европскиот совет. Знамињата се отстранети од главните институции на само 4 часа пред полноќ, за кога е закажано стапувањето на сила на Брегзит.

Вечерва на полноќ Велика Британија ќе стави крај на 47 годишното членство во најголемиот трговски блок во светот. Европската Унија со Брегзит ќе изгуби 15 проценти од својата економија, најголемиот воен потрошувач и еден од водечките светски финансиски центри- Лондон.

Заминувањето на Британија од Унијата доаѓа по три и пол години откако земјата гласање на референдум со 52 проценти „за“ напуштање и 48 проценти „против“ .