Конте: Македонија и Албанија што побргу во ЕУ

Премиерите Конте и Борисов на заедничка прес-конференција во Софија, 30 јануари 2020 година.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, на денешната средба во Софија со бугарскиот премиер Бојко Борисов, изјави дека Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ. Тој ја поздрави улогата и поддршката од Бугарија на процесот на проширување на ЕУ и за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

Бугарскиот премиер Борисов посочи дека Бугарија и Северна Македонија годинава заеднички ќе копретседаваат со Берлинскиот процес.

„Тоа е исклучително важен знак, а оценките што ги добива Бугарија за нејзината улога во регионот е многу јасна и позитивна“, рече Борисов.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте престојува во Бугарија по повод 140 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.