Шпанија поради Косово се заканува со бојкот на самитот во Загреб

Жоезеп Борел, шеф на дипломатијата на ЕУ

Шпанија се заканува со бојкот на самитот во Загреб поради учеството на Косово, дознава Радио Слободна Европа од извори во Мадрид, Загреб и Брисел. Загрепскиот самит ќе биде одржан на 6 и 7 мај. Хрватското претседателство има намера со овој состанок да биде потврдена европската перспектива на сите земји во регионот. Шпанија е една од петте земји на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, додека другите 23 ја признаа. Владата во Мадрид на сите собири на европско ниво го оспорува рамноправното учество на Косово.