Борел во тридневна посета на Косово и Србија

Архивска фотографија- Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел, ќе ги посети Приштина, а потоа и Белград од 30 јануари до 1 февруари. Тоа е прва посета на новиот шеф на европската дипломатија во регионот.

Целта на посетата на Борел е пред сѐ да изнајде начин за да се рестартира дијалогот меѓу двете страни, замрзнат од крајот на 2018 година поради косовските царини врз српските производи.

„Со нетрпение ја чекам мојата прва посета на Западен Балкан што ја докажува нашата посветеност на ЕУ перспективата на регионот, неговата стабилност, безбедност и просперитет. Западниот Балкан ќе бидат приоритет за време на мојот мандат и со оглед на мојата лична одлучност да се напредува во дијалогот посредуван од ЕУ, сакав да ги посетам Косово и Србија први во регионот“, се наведува во соопштението на шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел во Косово ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи, партиски претставници, граѓански организации и ќе го отвори проектот на ЕУ за подобрување на квалитетот на воздухот. Во Србија тој ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ, и исто така партиски и граѓански претставници. Предвидена е и посета на „области околу српски национален парк“