ЕУ ја прошири листата санкции поради руската агресија врз Украина

Илустрација- знамето на Европската унија

Европската унија додаде седум имиња на листата на луѓе кои се соочуваат со санкции поради поткопувањето на украинскиот територијален интегритет и независноста. Листата на санкции, на која сега има 177 поединци и 44 ентитети, беше создадена откако Русија ја презема контролата врз украинскиот кримски регион во март 2014 година. Во текот на годините на неа се додаваа нови имиња поради руската поддршка на сепаратистите во источна Украина. Генералниот совет на Европската унија на 28 јануари додаде седум личности поради нивната вклученост во локалните „избори“ организирани од кримските Руси во септември 2019 година. Нивните сметки ќе бидат замрзнати, а и нема да им биде дадена виза за патување.