Претставници на Србија и Косово во Берлин на разговори за железничко поврзување

Архивска фотографија- Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во Берлин се одржа состанок меѓу претставници на Србија и на Косово за обнова на железничкиот патнички и товарен сообраќај. Состанокот е инициран од Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Според српските медиуми претставниците на двете земји повеќе од три часа разговарале само за комерцијални теми, бидејќи услов на Белград за продолжување на политичкиот дијалог, под покровителство на ЕУ, е укинување на косовските таксите за Србија и БиХ.

Косовското Министерство за инфраструктура,пак, соопшти дека првата средба во Берлин со белградските власти за воспоставување на железнички сообраќај поминала во „конструктивна дебата“.

„Имавме добри разговори. Направивме напредок и се согласивме успешно да ги завршиме разговорите во наредните денови“, изјави Џем Весељи, директор на Одделот за копнен транспорт во косовското Министерство за инфраструктура и транспорт.

Железничкиот сообраќај помеѓу Косово и Србија во прекин е повеќе од две децении.

Вучиќ-Гренел: Србија и Косово почнуваат преговори за железничка линија

Гренел, кој е и амбасадор на САД во Германија, минатата недела за време на посетата на Белград и на Приштина најави преговори за железничко сообраќајно поврзување, откако во Берлин претходно е постигната согласнст за воведување на воздушен сообраќај меѓу Белград и Приштина