Потврдени два случаи на заразени со коронавирус во Франција

Илустрација

Француската министерка за здравство Ањез Бузина ги потврди првите два случаја на кинескиот коронавирус во Европа. Таа додаде дека „најверојатно има и други случаи на заразени во Европа“ и ги предупреди граѓаните кои патувале во Кина и на кои им се појавиле симптомите да ги избегнуваат чекалниците во амбулантите за итни случаи.

Првите случаи на заразени во Европа доаѓаат откако кинеските власти воведоа ограничувања на движењето, затварајќи го јавниот превоз и регионалниот сообраќај во 13 градови во провинцијата Хувеј.

Светската здравствена организација изрази скептицизам за мерките кои опфатија 36 милиони жители на провинцијата. Нејзиниот претставник за Кина, Гуден Галеа изјави дека до сега никогаш не биле спроведени вакви мерки за заштита на јавното здравје.