Независните од ВМРО-ДПМНЕ бараат увид во предлог-законот за ЈО

Архивска фотографија- Крсто Мукоски, пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на собраниска седница

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагира дека за законот за јавно обвинителство во различен контекст биле злоупотребувани. Според осумтемина пратеници „крајно несериозно е една година неколку луѓе, а не Собранието преку пратениците да имаат разговори зад затворени врати“ и бараат процесот да биде инклузивен.

„Министерството за правда, уште денес треба да го достави законот во Собрание на разгледување на сите политички субјекти, таму кадешто е местото, а не во политичките штабови“, наведува пратеничката група.

Тие бараат и јавна расправа за законот во која ќе бидат вклучени експерти и претставници на меѓународната заедница, а нивните забелешки потоа ќе се вградат во решението.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев неодамна рече дека во обезбедувањето на двотретинското мнозинство за носењето на законот најмногу надеж има во пратеничката група на осумте независни пратеници.

Заев за законот за ЈО, се надева на поддршка од осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски спремен за преговори, но нема да прави компромис за Законот за ЈО

Вчера Мицкоски на прес-конференција рече дека е спремен за преговори, но нема да прави компромис за Законот за Јавно обвинителство кој го оцени како предлог со кој треба да се амнестира криминалот на актуелната власт.

Заев пак во неговата реакција рече дека предлог законот е во координацијата со САД и ЕУ. Партиските работни групи за законот за јавно обвинителство попладне, како што јавува МИА, ќе одржат нова средба во Собранието, на која се поканети сите пратенички групи.