Оштетени згради од земјотресот во Турција

Денизли

Земјотрес со сила од 5,6 степени според Рихтеровата скала, вчеравечер бил регистриран во Турција, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на ударот се наоѓал на длабочина од 8,6 километри, на околу 15 километри источно од градот Киркагач. Гувернерот на провинцијата Маниса, Ахмет Дениз за турската новинска агенција Анадолија изјави дека некои згради биле оштетени. Земјотресот бил почувствуван и во западните турски градови Измир, Ајдин и Денизли. Засега нема информации за повредени.