Над 100 загинати во напад на бунтовниците во Јемен

камп на владите сили во Јемен

Над 100 луѓе биле убиени во ракетен напад врз една џамија во кампот на владите сили во Јемен, а за нападот се обвинуваат бунтовниците од Хути движењето. Овој напад е еден од најтешките удари врз силите лојални на претседателот на Јемен Мансур Хади од почетокот на војната во 2014 година. Бунтовниците кои контролираат делови на јеменската територија и главниот град Сана се поддржани од Иран, додека владата на Хади има воена поддршка од меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, најголемиот ривал на Техеран.