Состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ

Џозеп Борел

На дeнешната седница на Советот за надворешни работи ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел, а ќе бидат разгледени актуелните случувања на меѓународната сцена и таканаречената климатска дипломатија. Ќе стане збор за ситуацијата во Боливија, Индија, Либија и Венецуела. Дебатата ќе се фокусира на начини за зголемување на влијанието на активностите на ЕУ за поддршка на безбедноста, стабилноста и развојот.