Поранешниот шеф на ерменската безбедносна служба пронајден мртов

Георги Кутојан, поранешен шеф на ерменската национална безбедносна служба

Георги Кутојан, поранешен шеф на ерменската национална безбедносна служба е пронајден мртов во неговиот стан во Ереван, соопштија денеска властите. Истражителите соопштија дека неговото тело е пронајдено со рана од куршум во резиденцијалната област во градот. Надлежните кои излегле на местото на несреќата засега не даваат дополнителни детали. Триесет и осумгодишниот Кутојан беше директор на националната безбедносна служба од 2016 до 2018 година.