Украина побара од шест држави да го истражуваат падот на авионот во Иран

Архивска фотографија- канадскиот министер за надворешни работи Франсоа Филипе Шампањ се обраќа по состанокот на засегнатите земји

Украина побара од Канада, Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Иран да назначат експерти кои ќе помогнат во истрагата за падот на украинскиот патнички авион на 8 јануари при што загинаа сите 176 луѓе кои беа во него.

Канцеларијата на украинскиот државен обвинител вчера доцна попладне соопшти дека барањето било пратено по договорот постигнат во Лондон претходно меѓу министрите за надворешни работи на земјите чии државјани загинаа во несреќата. Соопштението следува и откако канадскиот министер за надворешни работи Франсоа Филипе Шампањ рече дека неговата земја, како и Авганистан, Обединетите кралство, Шведска и Украина бараат од Техеран да исплати компензација на семејствата на загинатите во несреќата.

При уривањето на авионот загинаа 82 ирански државјани, 63 Канаѓани, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци и тројца Британци. Авионот тргна на пат од Техеран кон Киев, кога беше соборен од страна на воздушната одбрана на Иран. Во првите денови по несреќата иранските власти не кажаа дека тие го урнале авионот по грешка, туку тоа го сторија на 11 јануари, по што и избувнаа протестите во земјата.