Баша: нема излез од кризата во Албанија без слободни избори

Љуљзим Баша

По средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека јасно потенцирал оти со Еди Рама нема слободни и фер избори. Еврокомесарот Вархеји вчера престојуваше во прва посета на Албанија откако стапи на должност. Тој се сретна со премиерот Еди Рама, претседателот Илир Мета, а го посети и Драч, едно од најпогодените места од катастрофалниот земјотрес, што ја погоди Албанија на 26 ноември. Во меѓувреме во Тирана е соопштено дека Меѓународната донаторска конференција за Албанија ќе биде организрана на 17 февруари во Брисел.