Десетици загинати од лавина во Кашмир

Кашмир- спасувачките екипи ги тргаат од патот остатоците од лавината која ја погоди областа

Во последните 24 часа најмалку 55 луѓе загинаа, а други се водат за исчезнати во лавина во регионот Кашмир кој е под контрола на Пакистан. Пакистанските власти денеска соопштија дека многу селани се уште се заробени од лавината во долината Неелум. Лавините и спуштањето на земјиштето се чести во хималајскиот регион кој го делат Пакистан и Индија. Во делот администриран од Индија властите соопштија дека од лавина загинале најмалку десет лица меѓу кои војници. Од екстремните временски услови, пак, деновиве загинаа повеќе од 110 луѓе во Пакистан и во соседниот Авганистан.