Антивладини протести во Бангкок

Илјадници антивладини демонстранти денеска учествуваа во најголемите демонстрации во главнот град на Тајланд во последните неколку години. Организаторите наведоа дека 10.000 лица се регистрирале за учество во протестот „Против диктатурата”, на кој се носеа транспаренти со кои се бара оставка од премиерот кој стоеше зад државниот удар од 2014 година, пренесоа новинските агенции.

Приврзаниците на владата, пак, одржаа свој контра собир во парк во центарот на градот.

Лошите економски резултати на владата долеваат масло врз растечкото чуство на незадоволство, а иницијална каписла за денешниот протестен митинг беа потезите на судовите насочени против популарната, нова напредна политичка партија „Иднина напред”.