Викенд прогноза: Дожд и снег

За време на викендот ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер, соопшти УХМР. Утре на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини, соопшти УХМР.