Две деца загинаа во пожар во Шуто Оризари

Илустрација. Пожар, противпожарно возило.

Две деца ги загубија животите во пожар кој попладнето ја зафатил нивната куќа на улицата „Брсјачка“ во скопската општина Шуто Оризари.

Пламените јазици можело да ги зафатат и неколкуте околни куќарки, но тоа било спречено од 15-мина пожарникари кои интервенирале со неколку возила.

Премиерот Оливер Спасовски кој заедно со претставници на институции отишол на местото на несреќата преку социјалните мрежи ја потврди информацијата дека загинале две деца.

„ Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денеска, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани“, наведува Спасовски.

Од МВР засега нема информации кои се причините за настанување на пожарот.