Пожарите во Австралија не стивнуваат

Австралија- пожарникари гасат пожар во шума

Силните ветрови во Австралија споија два големи пожари во еден огромен, јавува агенцијата Франс прес. Пожарникар од Нов Јужен Велс вели дека ситуацијата денеска е тешка по неколку дена релативно смирување на пожарите во таа област.

Температурите се околу 40 степени во Нов Јужен Велс и соседната Викторија, а вонредната состојба е продолжена за 48 часа. Според локалните власти повеќе од 130 пожари има во таа област, а 50 се уште не се под контрола.

Во катастрофалните пожари во Австралија загинаа најмалку 26 луѓе, повеќе од 2000 домови се уништени, а изгорена е и површина од околу 8 милиони хектари што е некаде колку површината на Ирска. Во нив загинаа и многу животни.