Трамп предложи укинување на законот за животна средина

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи измени на Законот за националната политика во заштитата на животната средина со што ќе се намали федералниот надѕор на животната средина. Тоа, како што е образложено, ќе придонесе за забрзување на процесот за одобрување на големи проекти како гасоводи и други објекти кои ќе добијат големи финансиски средства од федералната валда. Трамп изјави дека САД не можат да се натпреваруваат на пазарот ако бирократскиот систем „ја кочи изградбата на она што ни е потребно“. Овој закон беше донесен во 1970 година.