Словенија ги евакуира војниците од Ирак

Ирански напад врз базата во Ирак

Шест словенечки војници, кои се стационирани во градот Ирбил во северниот дел на Ирак, набрзо ќе бидат евакуирани. Оваа одлука е донесена по иранскиот напад на аеродромот и на уште една воена база во Ирак, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечките војници во Ирак се дел од германскиот контингент. За повлекувањето веќе е известен и претседателот на Словенија и врховен командант Борут Пахор, на состанокот што го имаа утрово со министерот за одбрана Крал Ерјавец и началникот на генералштабот Аленка Емец. Тие телефонски разговараа и со војниците во Ирак кои кажале дека се добро.

Инаку, одговорноста за нападите во Ирак ја презеде Иранската револуционерна гарда и тие се одмазда за ликвидацијата на нивниот командант Сулејмани.