Претседатели, премиери и попови

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека Иран никогаш не добил војна, но дека никогаш не изгубил преговори. Додека американските политичари се поделени по убиството на иранскиот генерал Солејмани, Иран се закани дека ќе има одмазда.

МАКЕДОНИЈА - До изборите на 12 април земјава ќе ја предводи техничка влада чиј премиер ќе биде Оливер Спасовски. Тој денеска го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски и вети дека преодната влада ќе направи се за слободни и фер избори.

МАКЕДОНИЈА - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд - Скопје достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице за случајот со Меѓународниот сојуз, соопштија од обвинителството.

МАКЕДОНИЈА - Сашко Дукоски, адвокатот на првоосомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, рече дека неговиот клиент кој се наоѓа во притвор во затворот Скопје секојдневно имал притисоци и закани.

ФРАНЦИЈА - Француската полиција убила непознат маж, кој претходно се обидел да прободе со нож повеќе луѓе во Париз. Според неофицијални информации, едно лице е убиено, а неколкумина се повредени.

ТУРЦИЈА - Најмалку осум лица загинале откако потона брод со 15 мигранти кај западниот брег на Турција, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

ХРВАТСКА - Економијата, надворешната политика и иселувањето на младите беше во фокусот на претпоследниот ТВ дуел на кандидатите за претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ. На прашање кој е најголемиот стратешки партнер на Хрватска Грабар-Китаровиќ изјави дека тоа се САД, а Милановиќ кажа дека според него тоа дефинитивно се Германија и ЕУ.

ЦРНА ГОРА - Во повеќе црногорски градови продолжија протестите поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта.