Едно лице убиено, неколкумина ранети во напад со нож во Париз

Француската полиција убила непознат маж, кој претходно се обидел да прободе со нож повеќе луѓе во Париз. Според неофицијални информации, едно лице е убиено, а неколкумина се повредени.

Нападот се случил во парк во јужниот дел на градот непосредно пред 14 часот, а полицијата веднаш одговорила и го убила напаѓачот. Полицијата ги повикува граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.