Осуммина мигранти се удавиле кај западниот брег на Турција

илустрација

Најмалку осум лица загинале откако потона брод со 15 мигранти кај западниот брег на Турција, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Меѓу настраданите имало и три жени. Бродот потонал во близина на провинцијата Мугла. Според информациите на министерството, во тек е потрага по исчезнатите мигранти во која учествуваат крајбрежната стража, хеликоптер и авион, како и тим нуркачи.