Во американски воздушен напад убиен ирански генерал

генерал Касем Солејмани

Ултра моќниот командант на иранската Револуционерна гарда генерал Касем Солејмани бил убиен во американски воздушен напад во Багдад. Ова претставува драматична ескалација на непријателствата меѓу САД и Иран која може да води до иранска одмаздничка акција. Американски и ирански претставници ја потврдија смртта на еден од највлијателните луѓе во Иран. Тој бил убиен изутрината во американски напад врз две возила на меѓународниот аеродром во Багдад. Пентагон соопшти дека претседателот Доналд Трамп го одобрил нападот и оти имал за цел да ги одврати идните ирачки агресивни планови. Во соопштението се додава дека Солејмани ги организирал нападите врз американската амбасада во Багдад во изминатиот викенд и врз американските бази при што загина еден американски државјанин.