Времето денеска: претежно сончево

Ќе биде претежно сончево, во утринските часови со услови за утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од четири до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус четири, а дневната ќе достигне до осум степени.