По изјавата на Трамп, Иран тврди дека не се плаши од војна

Архивска фотографија- иранскиот претседател Хасан Рохани со воените власти командантите Мохамад Багери и Хосеин Салам

Иранските воени лидери испратија предупредување до Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Техеран е одговорен за антиамериканските протести во Ирак. Генералот Хосеин Салам, прв човек на Иранската револуционерна гарда, рече дека тие не ја водат земјата кон војна, но дека не се плашат од која било војна и оти и порачуваат на Америка да зборува коректно со иранската нација.

„Имавме сила да ги победиме неколкупати и не сме загрижени“, рече тој денеска зборувајќи во југозападниот град Ахваз.

Во меѓувреме и шефот на војската мајор генерал Абделрахим Мусави рече дека иранските вооружени сили се спремни да му се спротистават на „непријателот“.

На 31 декември парамилитантни групи упаднаа во комлексот на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Багдад, извикуваа „Смрт на Америка“ и запалија оган на покрив на објект за прием, но не влегоа во главниот дел од објектот. Дел од нив вееја знамиња на парамилитантната група поддржана од Иран. Претседателот Доналд Трамп го обвини Техеран за нападот врз амбасадата , додека иранските власти демантираа дека биле вмешани.