Помпео ја одложи посетата на Украина поради Ирак

проирански демонстранти пред американската амбасада во Багдад

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео ја одложи посетата на Украина за да ја „следи ситуацијата“ во Ирак каде што проирански демонстранти ја нападнаа американската амбасада во Багдад. Помпео ја одложи светската турнеја во текот на која, освен Украина, требаше да ги посети Белорусија, Казахстан, Узбекистан и Кипар. Во меѓувреме, сите проирански демонстранти кои беа собрани во близина на американската амбасада во Багдад се повлекле. Претседателот Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз амбасадата во Багдад, додека иранските власти демнатираа дека биле вмешани.