Талибанците убиле 17 полицајци во Авганистан

Авганистан.


Во напад на талибанците во северната авганистанска провинција Тахар убиени се 17 локални полицајци, соопштија властите

Нападот очигледно бил насочен пртив локалниот командант на полицијата, кој избегал неповреден, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Тахар. Областа во моментот е под контрола на владините сили, додаде портпаролот.

Портпаролот на Талибанците Забихулах Муџахид ја презеде одговорноста за нападот.

Талибанските милитанти продолжуваат да изведуваат скоро дневни напади насочени кон авганистанските и американските сили, како и владините претставници - дури и кога групата одржува мировни преговори со американскиот претставник, задолжен за преговори за ставање крај на воениот конфликт во Авганистан.