Иран, Русија и Кина одржуваат заеднички поморски вежби

Илустрација.Иранска морнарица, мини подморница дизајнирана за операции во плитките води

Морнарицата на Иран ги започна своите први заеднички маневри со Русија и Кина во северниот дел на Индискиот Океан, јавува иранската државна телевизија.

„Пораката на оваа вежба е мир, пријателство и трајна безбедност преку соработка и единство ... а резултатот треба да покаже дека Иран не може да биде изолиран“, рече иранскиот адмирал на флотила, Голамреза Тахани, на државната телевизија на 27 декември.

Русија, во меѓувреме, настанот го нарече „невиден“ пример на поморска соработка. Официјални лица во Техеран и Пекинг претходно објавија дека маневрите ќе се одржуваат од 27 до 30 декември во Индискиот Океан и Оманскиот Залив.

Вежбата започна од југоисточниот пристанишен град Чабахар, во Заливот Оман и во близина на границата со Пакистан.

Вежбите доаѓаат во време на тензии меѓу САД и Иран.