Руски суд ја прогласи за бегалец руската милијардерка Батурина

Јелена Батурина заедно со нејзиниот сопруг Јуриј Лужков - поранешен градоначалник на Москва.

Руски регионален суд ја прогласи за бегалец вдовицата на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков, бидејќи не се појавила на рочиште во кривична постапка за клевета.

Кривичниот случај за клевета против Јелена Батурина, наводно бил покренат во септември во касписката провинција Калмикија, според РБК, а Батурина наводно не се појавила на судењето и била застапувана од адвокати.

Рускиот закон дозволува обвинети во помали кривични случаи да бидат застапувани од адвокати. Но, во изјавата што ја бара судот за таквото одобрување, Батурина не објаснила зошто не може да присуствува на судските рочишта во градот, кој се наоѓа на 1.200 километри југоисточно од Москва.

Судската постапка произлезе од повеќегодишниот спор меѓу Батурина и нејзиниот брат Виктор Батурин – поранешниот прв претседател на нејзината компанија Интеко.

За време на сослушувањето во Виена за нивниот спор, Батурина рече дека Ерентсен Манзеев – финансиски директор на Батурин, е под кривична истрага. Манзеев рече дека тоа е неточно и поднесе тужба против неа.

Батурина е една од најбогатите жени во Русија, која го градеше своето богатство за време на 90-тите и 2000-тите години кога нејзиниот сопруг доминираше во руската политика.

Интеко доби значителни договори со градот Москва, оторајќи ги прашањата за можен судир на интереси.

Лужков, кој беше отпуштен од тогашниот претседател Дмитриј Медведев во 2010 година, почина претходно овој месец на 83-годишна возраст.