Јовески - Неопходен е квалитетен закон за јавното обвинителство, а не партиски решенија

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека е неопходно да се донесе нов квалитетен и издржан закон за јавното обвинителство, а не решенија што ќе бидат резултат на дневно – политички договори. Тој во денешното годишно обраќање пред јавните обвинители и новинарите рече дека Јавното обвинителство изминатава година беше исправено пред бројни предизвици и покажа неселективност во спроведувањето на законите, а на политичарите и моќниците, како што додаде, им стана јасно дека одлуките не се носат во нечии кабинети, туку нив ги носат обвинителите самостојно.

Тој најави дека поединечно, преку систем за утврдување на резултатите на обвинителите, ќе се оценува работата на секој јавен обвинител.

Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и статусот на СЈО, со месеци е во Собранието. Законот се носи со двотретинско мнозинство, а законот е и еден од условите за добивање датум за почеток на преговорите за членство со ЕУ.